Почеток на неделава со промет од околу 9,7 милиони денари

Почеток на неделава со промет од околу 9,7 милиони денари

Неделава почна се промет од околу 9,7 милиони денари и истргувани вкупна количина од 15.610 акции преку 97 трансакции. На пазарот владееше оптимизам и позитивна клима.

Акцијата на NLB Банка АД беше најтргувана акција со промет од 1.944.996 денари и учество во вкупниот промет од речиси 19,99%. Се тргуваше по просечна цена од 11.114,26 денари по акција и беше истргувана количина од 175 акции преку 11 трансакции. Зад неа на листата со промет над милион денари се запишаа и акциите на Инекс дрим Струга (1,6 милиони денари), Комерцијална банка АД (1,5 милиони денари) и Алкалоид Скопје со промет од 1,07 милион денари.

Со идентичен раст од 79,68% на врвот на листата на добитници се запишаа акциите на Кватро Компани АД Штип, Киц Комерц АД Штип, Стел-ЕР АД Штип и акцијата на Рими АД Штип.

Во негатива беа само три хартии од вредност и тоа акциите на Фаворит ВМ АД Штип со пад на вредноста од 71,70 отсто, и Компани боем АД Штип со пад од 71,69 отсто, како и обврзниците од деветтата емисија РМДЕН09 со пад од 2,04%

Индексот МБИ10 денот го заврши со раст од 0,69% и заврши на вредност од 2.285,14 индексни поени, додека ОМБ во надолна линија за 0,62%. /макфакс/