Почина музичарот Зоран Маџиров

Почина музичарот Зоран Маџиров

Музичарот кој беше познат по специфичниот начин на свирење почина денеска на 49-годишна возраст. Маџиров на 7 октомври 2016 година настрада во стравотна сообраќајна несреќа.

Во коматозна состојба, Маџиров беше префрлен на КАРИЛ во Скопје, каде што лекарите се бореа за неговиот живот. Сообраќајната незгода се случи кај „Пилав тепе“, на патот меѓу Струмица и Радовиш. Зоран Маџиров со својот автомобил удрил во цистерна која била превртена на патот.
Маџиров, по потекло од Струмица, со своето семејство живееше во Загреб, Хрватска. На светската јавност Маџиров ѝ беше познат како „Ботлмен“, односно човекот кој свири на шишиња.

„Ботлмен“ студираше музика во Германија, а во Европа настапуваше и со триото Лез Баронс Карамазоф (Les Barons Karamazoff), со кое реализирал два проекта, „Хисторикал рекордингс“ (Historical recordings) и „Питагорас гласес енд лут (Pytagora’s glasess and lute). крај/мф/