Почина старец, паднал од дрво додека берел јаболки

Почина старец, паднал од дрво додека берел јаболки

Осумдесет и седумгодишен скопјанец починал по пад од дрво на кое берел јаболки. Како што информираат од полицијата, повредениот К.М. од Скопје вчера околу 15 часот бил донесен во Ургентниот центар.

Поради тешките повреди, 87-годишниот маж им подлегнал на тешките повреди синоќа еден час по полноќ.  По наредба на јавен обвинител, телото е предадено на обдукција.