Почина Томислав Чокревски

Почина Томислав Чокревски

Денеска во Скопје почина проф. д-р Томислав Чокревски, универзитетски професор и поранешен министер за внатрешни работи во периодот од почетокот на 1996 до крајот на 1998 година.

Тој беше декан на Правниот факултет и ректор на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, автор на многубројни научни и стручни трудови, успешен интелектуалец, извонреден предавач и одличен педагог. Чокревски беше роден на 11 декември 1934 годин во Битола.

Утре со почеток во 13 часот во Домот на АРМ (сала бр.4) ќе се одржи комеморативна седница по повод смртта на Томсилав Чокревски.

В четврток со почеток во 10 часот ќе се одржи комеморативната седница во Свечената сала (под Деканатот) на Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје. Посмртните останки на проф. д-р Томислав Чокревски ќе бидат изложени во капелата на Градските гробишта во Бутел на 7.12.2017 година (четврток) од 13 до 14 часот