Почнаа руски воени вежби на источното крило на НАТО

Почнаа руски воени вежби на источното крило на НАТО

Во Русија и Белорусија почнуваат воени вежби „Запад-2017“ во кои ќе учествуваат над 12.000 војници, соопшти Министерството за одбрана на Русија. Во вежбите ќе учествуваат до 12.700 војници, меѓу кои 7.200 белоруски војници и 5.500 руски војници, од кои 3.000 ќе бидат стационирани во Белорусија, пренесе ТАС.

„Главна цел е да се подобри соработката меѓу воениот персонал, хармонизирање на водењето на војниците и пружање на командантите можност да вежбаат свои вештини во планирање на настаните и водењето на трупите на основа на искуството стекнато во модерните конфликти“, наведе руското министерство.