По девет години на Земјата може да биде потопло за 1,5 степени

По девет години на Земјата може да биде потопло за 1,5 степени

 

Само по девет години на Земјата може да стане потопло за 1,5 степени Целзиусови, наспроти температурите кон крајот на 19 век, пишува британскиот весник The Independent.

 

Ова го покажува новото истражување, според кое целите на мировниот договор за климата едвај дека ќе бидат исполнети.

 

Во Париз светот одлучи да вложи напори за да се “ограничи зголемувањето на температурата до 1,5 степени”. Но, научниците истакнуваат дека со комбинација фазата на природно затоплување и јаглеродните емисии предизвикани од човештвото овие нивоа можат да бидат постигнати до 2026 година

 

“Ние не треба да очекуваме големи промени во наредните 10 години … Но кога светот продолжува да се загрева, долгорочните ефекти ќе станат видливи, особено континуираното зголемување на морското ниво, кое ќе биде зголемено поради топењето на глечерите. Ќе бидат потребни децении за да се види целосниот ефект од она што се случува, но еднаш ако започне процесот, тешко ќе биде запрен “, коментира професорот Ричард Бетс од Ексетрскиот универзитет…Крај/мф/кс