По четири децении, се реновира градинката „Сончоглед“ во Кисела Вода

По четири децении, се реновира градинката „Сончоглед“ во Кисела Вода

По 42 години, објектот на градинката „Сончоглед“, кој се наоѓа на улицата Локов во населбата Кисела Вода, ќе добие нов лик.

Инвестицијата за реконструкција на градинката е речиси 900.000 денари.

Ова е прва фаза од целосната реконструкција на објектот, кој датира од 1975 година, а во која досега немало некој покрупен реконструктивен зафат. Втората фаза од реновирањето ќе се реализира до крајот на 2017 година и ќе опфати санација на тоалетите, а веќе во третата фаза, која е предвидено да се реализира во 2018 година, ќе се изврши реновирање на делот со јаслите, промена на прозорците и ламинатот.

Градоначалничката на општина Кисела Вода, Билјана Беличанец-Алексиќ, денеска изврши увид во реконструктивните зафати за подобрување на условите за згрижување речиси 260 деца во оваа градинка.