По 35 години, реконструирана градинката „Корчагин“

По 35 години, реконструирана градинката „Корчагин“

По речиси 4 децении, матичниот објект на најстарата градинки во општина Центар, „Корчагин“, е реконструиран. Децата во објектот што се наоѓа зад Градската болница престојуваа во несоодветни услови, прозорците и креветите беа стари и дотраени. Фасадната столарија не беше сменета цели 35 години, при што се губеше голем дел од топлинската енергија и децата не беа соодветно заштитени од студ и провев.

Општина Центар информира дека се заменети 102 и поставени се нови и модерни прозорци, како и 6 коморни, кои се енергетски ефикасни, со 4-сезонско стакло. Заедно со новите 18 поставени врати, градинката „Корчагин“ сега ги исполнува сите стандарди за енергетски ефикасен објект за престој на 240 деца и 40 воспитувачи.

Половина од средствата за реконструкција ги обезбеди Општина Центар, а другата половина Фондацијата „Отворено општество Македонија“.