Првата турнеја на Трамп “да се биде или не” за неговиот мандат

Првата турнеја на Трамп “да се биде или не” за неговиот мандат

 

 

Првата турнеја на претседателот на САД, Доналд Трамп, во странство откако е на функцијата  е „да се биде или не“ за неговиот мандат.Со оглед на сериозните скандали и проблеми со кои се соочува дома, турнејата што  почнува денеска ќе биде сериозен тест за него како претседател на САД.Ако не заврши како целосен неуспех, таа може да се смета за успех, пишуваат медиумите во САД.Трамп прво ќе ја посети Саудиска Арабија, по што ќе оди во Израел, Ватикан, Италија и Белгија.

 

Минатата недела беше една од најтешките за Трамп од неговата инаугурација во јануари. Одлуката за ненадејното разрешување на директорот на ФБИ, Џејмс Коми, наиде на жестоки критики и обвинувања за попречување на истрагата за мешањето на Русија во американските избори и доведе до именување на специјален обвинител за да се обезбеди неговата независност и да се ослободи од политички притисок. Можноста за негово отповикување се повеќе се споменува.

 

Покрај тоа, на состанокот со рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров тиј издаде доверливи информации за терористичките активности во  исламските земји, до кои САД дошле благодарение на соработката со израелските тајни служби. Овој инцидент лесно може да биде една од темите за време на посетата на Израел.

 

Во рамките на Белата куќа, ситуацијата е далеку од идилична, со се поголемиот број на службеници кои им јавуваат на медиумите за растечкиот јаз во рамките на администрацијата и невозможната мисија за санирање на сериозната штета што ја произведува Трамп речиси со сите негови изјави и акции. Стресот кој доаѓа со патување во странство и јавни посети на странски државници може да ги влоши постојните тензии.

 

Некои официјални лица кои се наклонети на Трамп сметаат дека ова би можело да биде негова последна шанса да ја спаси неговата позиција. “Ова е еден вид да се биде или не за Трамп,  изјави официјален претставник за Си-Ен-Ен.

 

“Едно прашање што ги интересира сите надвор од САД, а веројатно нема да го прашаат, е која е неговата вистинска политичка моќ во однос на поделбите во Конгресот и во неговата партија? Може ли тој да продолжи со својата политичка агенда? Тоа сигурноќе биде главна дилема додека посетува странски земји “, коментира Ентони Кордесман на Центарот за меѓународни и стратешки студии.

 

Првата странска турнеја и без овие проблеми е сериозен предизвик за претседател без дипломатско искуство: досадниот протокол, меѓународните конференции и официјални вечери и многуте можности за гафови и дипломатски инциденти сигурно ќе го привлечат вниманието на телевизиските камери.

Уште повеќе што Трамп за своја прва дестинација избра земји со кои има многу сложени односи. На неговата прва турнеја тој ќе треба да се справи со тешки прашања како што се израелско-палестинскиот мировен процес, исламизмот во Блискиот Исток, иднината на НАТО што тој самиот ја доведуваше под прашалник во изборната кампања и загриженоста на европските сојузници поради неговата протекционистичка трговска политика.. Крај/мк