Прво конзилијарно мислење, па лекување во странство за малата Валерија

Прво конзилијарно мислење, па лекување во странство за малата Валерија

По апелот за донација за лекување во странство на девојчето Валерија Зафировска, Фондот за здравствено осигурување соопшти дека стапиле во контакт со родителот и утврдиле дека осигуреното лице не располага со конзилијарно мислење од соодветна македонска здравствена установа.

„Иако немаме добиено барање за лекување во странство на малата Валерија, Фондот за здравствено осигурување веќе закажа состанок со стручните лица од ЈЗУ УК за неврохирургија и со ЈЗУ Универзитетска клиника за детски болести, кои ќе го дадат својот наод и стручно мислење“, се наведува во соопштението на Фондот.

Фондот нагласи дека максимално брзо ќе одговори и ќе излезе во пресрет на барањето за лекување во странство за осигуреното лице доколку конзилијарното мислење е потврдено од соодветната клиника и во согласност со законските прописи.

Фондот искрено се надева дека лекувањето ќе биде успешно. На крајот би сакале да додадеме дека наша прва и основна цел е грижата за осигурениците, се додава во соопштението.