Првпат организирана „трка“ меѓу квантните компјутери

Првпат организирана „трка“ меѓу квантните компјутери

Американските физичари кои го создадоа еден од најнапредните квантни компјутери минатата 2016 година, го спроведоа првиот споредбен тест меѓу два вакви уреда, а резултатите од експериментот ги објавија на електронската библиотека arXiv.org.

 

Без разлика на тоа што двата уреда работат на исклучително различно квантно ниво, тие може да бидат програмирани на ист начин, без разлика во „железото“. Ова овозможи првпат да се споредат функционирањата на дело на истите квантни алгоритами на физичките различни перформанси на компјутерите.

Секако станува збор за многу елементарни компјутери, кои не можат да се натпреваруваат со своите конвенционални „сродници“, но експериментот укажал на тоа дека е важно да се има предвид при проектирањето на поголемите квантни сметачи, појаснува Кристофер Монро од Универзитетот на американската сојузна држава Мериленд.

Квантниот компјутер на Монро е всушност збир од пет меѓусебно поврзани кубити (квантов бит ‘QuBit’ или најмалиот елемент за складирање информации во квантен компјутер), на основа на јони на итербиумот, еден од најпопуларните и добро истражуван материјали за производство на мемориските ќелии и наједноставните модули на сличните уреди.

Главната разлика меѓу компјутерот на Монро од сите други квантни компјутери се состои во тоа што тој може да биде репрограмиран директно во текот на работењето, без да се влијае врз елементите од тоа што е сработено. Монро и неговите колеги тоа го постигнале со комбинирањето на кубитите во своевиден „пентаграм“ и утврдувајќи како да управуваат со нивните состојби и врските меѓу нив користејќи ласери и магнетни полиња.

Другиот квантен компјутер, кој го разви компанијата IBM, работи според сосема различни основи, користејќи пет суперспроводливи кубити, собрани во „крст’.и микробранов систем за управување со нивните состојби. Контролата на него може да се изведува уште попросто, со користење на интерфејс, кој инженерите на ткн „синиот гигант“ го направија достапен за сите корисници на глобалната мрежа.

Монро го искористил слободниот пристап до компјутерот на IBM за првпат директно да ги се според колку брзо и прецизно работат неговиот компјутер и развиениот квантен компјутер на американската компанија.

Монро разработил група „квантни одредници“ односно едноставни алгоритами, коишто овозможуваат да се оцени точноста и брзината на компјутерите. На пример, научниците направиле на овие квантни компјутери универзални логички порти, коишто можат да ги вршат сите логички операции, како и неколку основни алгоритами за пресметување на својствата на материите и разложувањето на бројот на множителите.

Како што се покажало, секој од компјутерите има свои предности. Сметачот на Монро во некои случаи давал поточни резултати околу двапати почесто отколку оној на IBM, а, пак, квантниот систем на компанијата можела да реши задачи околу илјада пати побрзо, отколку уредот на научниците од Универзитетот Мериленд.

Според мислењето на Монро, точноста на работата на компјутерите сé уште е поважно од неговата брзина, бидејќи нивото на бучавата кога тие комуницираат меѓусебно ќе расте побрзо и побрзо при зголемувањето на бројот на кубитите во компјутерите. Затоа е потребно да се постигне речиси со 100-процентна точност работата на кубитите и само потао да се пристапи кон создавање на големи комбинации од ваквите квантни мемориски ќелии.

Во ваквите размислувања се согласни и во IBM. Нивните инженери веќе го обновиле компјутерот и го зголемиле бројот на врските меѓу кубитите, коишто, според инженерите, треба да ја зголемат точноста на работата на уредот., Натамошното зголемување на оперативната ефикасност ќе создаде „поголеми“ квантни компјутери, погодни за решавање на практично значајните задачи.