Предавања за екосиситеми во Охрид

Предавања за екосиситеми во Охрид

 На покана на Граѓанската иницијатива Охрид ЅОЅ, од денеска до 19 мај, во Македонија ќе престојува Јос Ферхуфен, претседател на Европскиот огранок на Светското друштво на научници за блатни екосистеми.

 

Ферхуфен во Скопје ќе одржи серија предавања на Природно­математичкиот факултет и ќе биде специјален гостин на тркалезната маса во организација на Здружението за заштита на животни и животна средина Е.Д.Е.Н. на тема „Влијанието на планираните инфраструктурни проекти врз биодиверзитетот во охридско­преспанскиот регион“ која ќе се одржи утре, а на која ќе учествуваат научници од цела Македонија.

 

Потоа Ферхуфен заминува за Охрид каде што ќе го посети Хидробиолошкиот завод и ќе оствари работна средба со членови на Граѓанската иницијатива Охрид ЅОЅ.

 

Причината за неговата посета е опасноста од уништување на Студенчишкото Блато во Охрид, последниот филтер на езерото и дом и прибежиште на многу ретки и ендемски видови.