Прекин и забрана за движење на дел од патиштата

Прекин и забрана за движење на дел од патиштата

На планинскиот превој Ѓавато изутринава во седум часот е укината забраната за тешки товарни возила. Од шест часот изутрина повторно е во целосен прекин сообраќајот на патот Маврово-Дебар поради снежната лавина што падна синоќа околу 18 часот кај Бигорскиот манастир, соопшти Авто-мото сојузот на Македонија (АМСМ).

Забрани за тешки товарни возила има на патните правци Струга-граничен премин Ќафасан, крак Маврово-Дебар, крак Стража-село Колари и обратно, како и на планинските премини Пресека, Буково и Ѓавато. На патот Тетово-Попова Шапка има забрана за тешки товарни возила и автобуси.

Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози. На повисоките места има остатоци од кашаст снег по интервенција на дежурните служби. Снег врне во Крива Паланка, Страцин, Попова Шапка, Павлешници и Кула. Поради отстранување одрони во близина на село Истибања, од викендот е во прекин сообраќајот на патот Кочани-Македонска Каменица. Се користи алтернативен пат Кочани-Виница-Драгобрашта-Бигла-Македонска Каменица. Во клисурите и засеците можна е појава на одрони, особено на патните правци: Кочани-Македонска Каменица-Делчево, Виница-Берово, Гостивар-Стража, Маврово-Дебар-Струга, Демир Капија-Удово, Катланово-Велес, Крушево-Демир Хисар и Ресен-Буково.