Премиерот Заев вечерва во посета на Турција

Премиерот Заев вечерва во посета на Турција

Премиерот Зоран Заев, за време на посетата на Турција ќе има средби на највисоко владино и државно ниво, а ќе се сретне и со претставници на бизнис заедницата во Турција.

Заев ќе биде придружуван од министерот без ресор, Аднан Ќахил, пратениците во Собранието на Република Македонија, Енес Ибраими и Јусуф Хасан и државниот секретар во МНР, Виктор Димовски.

Посетата на премиерот Заев и делегацијата на Анкара, почнува вечерва, со почеток во 20.30 минути по локално време во Анкара (18.30 часот по домашно време), со вечера организирана од ТОББ (TOBB), Сојузот на стопански комори и берзи на Република Турција. На вечерата, премиерот Заев ќе има воведно обраќање, што медиумите ќе имаат можност да го проследат.

Пред претставниците на ТОББ ќе се обрати и министерот Ќахил. Утре се официјалните средби на премиерот Заев со владино-државниот врв.