Претепаната новинарка Арбана Џара: Се обидоа да ме линчуваат

Претепаната новинарка Арбана Џара: Се обидоа да ме линчуваат

Познатата косовска новинарка Џара, која од скоро е нов член на Демократската партија на Косово и која пред една седмица беше брутално претепана од сега непознати лица, за првпат проговори јавно за нападот врз неа.

Некаде кон средината на март забележав голем крст кој беше нацртан на надворешната страна од вратата на мојот стан. Пријавив во полиција и по нивниот увид ми рекоа дека ако сакаат нешто да ми направат нема да ми цртаат крстови на врата.

Во меѓувреме организираниот медиумски линч врз мене од членови на „Самоопределување“ почна да се шири и во Македонија, од каде активисти на Беса ми се заканува секојдневно преку социјалните мрежи дека ќе ги убијат моите деца. Пропагандата отиде до таму што во јавност се ширеа лажни вести дека некои членови од моето семејство биле блиски со Милошевиќ.

Засега нема ниту еден приведен за случајот со нападот врз новинарката.

Арбана Џара ѝ е позната на јавноста како силен критичар на авторитарните режими, жесток критичар на Ердоган и неговите политики. крај/мф/зм