Претседателот на Филипините призна дека извршил убиство кога имал 16 години

Претседателот на Филипините призна дека извршил убиство кога имал 16 години

Претседателот на Филипините, Родриго Дутерте (72), призна дека убил човек кога имал 16 години.

Тој зборувал за своите тинејџерски години на самитот АПЕК во Виетнам на кој учествуваат многубројни лидери, меѓу кои и претседателите на САД, Доналд Трамп, и на Русија, Владимир Путин.

„Кога бев тинејџер, бев во затвор. Учествував во тепачки. Кога имав 16 години, убив човек со нож“, рекол Дутерте.

Тој минатата година победи на изборите кога вети дека ја искорени трговијата со дрога. Откако е на власт, полицијата уби 3.967 луѓе, а уште 2.290 луѓе се убиени во криминални пресметки. Илјадници случаи на убиства сè уште не се разјаснети.