Претседателски кандидати во Словенија се залагаат за признавање на Каталонија

Претседателски кандидати во Словенија се залагаат за признавање на Каталонија

Петицијата, иницирана на почетокот на неделава во Словенија, со која се осудува насилството на шпанската полиција и се поддржуваат аспирациите на Каталонците да изразат желба за независност на референдум, собра повеќе од 3.000 потписи, а прашањето за признавање на независноста на Каталонија стана интегрален дел од кампањата за предвремени претседателски избори.

Речиси половина од деветте кандидати за изборите закажани за 22 октомври се заложија за признавање на независноста на Каталонија на соочувањето на словенечката национална телевизија „РТВ Словенија“, а сите го осудија прекумерното користење на полициското насилство.