Кандидат на ВМРО-ДПМНЕ осомничен за поткуп на гласачи

Кандидат на ВМРО-ДПМНЕ осомничен за поткуп на гласачи

Полицијата во Кочани повикала на разговор кандидат за советник на ВМРО-ДПМНЕ под сомнение за поткуп на гласачи.

Случајот се работи во консултација и по налог на Јавното обвинителство. Кандидатот за советник бил повикан во станица и кај него се пронајдени пари, списоци со гласачи и други материјали.