МАКФАКС

Принцот Вилијам и Лејди Гага заедно во кампања за менталното здравје

Принцот Вилијам и Лејди Гага заедно во кампања за менталното здравје
18.04.2017, 15:59

Британскиот принц Вилијам и поп ѕвездата Лејди Гага ги здружија силите да ја промовираат важноста од отвореност на прашањата за менталното здравје. Лејди Гага минатата година објави писмо во кое детално ја опиша својата борба со посттрауматскотo стресно нарушување.

„Секојдневното будење и лошото чувство на сцената за мене се нешто што е многу тешко да се опише. Се работи за многу срам, кој е поврзан со ментална болест. Чувствуваш дека нешто не е в ред со тебе“, вели Лејди Гага на видеоразговорот со принцот Вилијам.крај/мф

Поврзани написи

Макфакс е-билтен

Email *