Причина за авионската несреќа кај Москва е откажување на индикаторот за брзина, покажува истрагата

Причина за авионската несреќа кај Москва е откажување на индикаторот за брзина, покажува истрагата

Падот на рускиот патнички авион „ан-148“ во московскиот регион, најверојатно, бил предизвикан поради неправилни податоци за брзина на летот поради замрзнување, соопшти интерната Комисија за воздухопловство по дешифрирање на податоците за летот, објави „Раша тудеј“.

Авионот „антонов ан-148“ се урна во близина на селото Аргуново, на 80-ина километри југоисточно од Москва, кусо по полетувањето од аеродромот „Домодедово“. Авионот леташе кон градот Орск, кој се наоѓа на границата меѓу Русија и Казахстан, а во него имаше 65 патници и шест членови на екипажот. Во несреќата нема преживеани.