Проблеми за Манчестер Јунајтед, Ибрахимовиќ ја заврши сезоната

Проблеми за Манчестер Јунајтед, Ибрахимовиќ ја заврши сезоната

Напаѓачот на Манчестер Јунајтед, Златан Ибрахимовиќ, поради тешка повреда, со која се здоби во четвртокот, во четвртфиналниот реванш во Лига Европа против Андерлехт, ја заврши сезоната, пишува Скај.

Најдобриот играч и стрелец на Манчестер Јунајтед оваа сезона, го повреди коленото во 94.минута од регуларниот тек на натпреварот со Андерлехт, кој Јунајтед го доби по продолженијата со голот на Рашфорд во 107.минута.

Покрај Ибрахимовиќ на овој натпревар се повреди и дефанзивецот Маркос Рохо, кој во првиот дел ја напушти играта, а во наредните неколку денови ќе биде познато колкава пауза го очекува.

Златан Ибрахимовиќ (35) во Јунајтед пристигна минатото лето од ПСЖ и сезонава е клучниот играч во тимот на Жозе Мурињо. Швеѓанецот за Јунајтед, во тековната сезона, има одиграно 46 натпревари на кои постигна 28 голови. крај/мф/нц