МАКФАКС

Продолжен домашниот притвор на малолетникот што го симна државното знаме од јарбол во центарот на Куманово

Продолжен домашниот притвор на малолетникот што го симна државното знаме од јарбол во центарот на Куманово
11.04.2017, 15:06

Продолжен му е домашниот притвор на малолетникот што на 31 март го симна од јарболот државното знаме во центарот на Куманово и го постави албанското.

Малолетниот Л.С денеска е сослушан пред судија за малолетници при Основниот суд во Куманово и за него ќе продолжи постапката со изведување на докази.

„Со оглед на тоа што станува збор за кривично дело од јавниот ред и постојат околности што го оправдуваат стравот дека доколку обвинетиот се брани од слобода ќе го повтори кривичното дело, надлежниот обвинител од Основното јавно обвинителство – Куманово со обвинителниот предлог достави и посебен предлог за продолжување на определените мерки – куќен притвор и мерки на претпазливост“, се вели во соопштението од Јавното обвинителство.

На 31 минатиот месец на улицата „Гоце Делчев” во центарот на Куманово, околу 16:00 часот, обвинетиот заедно со неколку непознати лица и малолетниот Л.С. го симнале и го оштетиле знамето на Република Македонија и на јарболот закачиле знаме на Република Албанија. При обид да бидат спречени во намерата од страна на службени лица од Министерството за внатрешни работи, обвинетиот нападнал еден од полицајците и му нанел телесна повреда – набиеница на главата и десната шака. Настанот предизвика чувство на раздор и нетрпеливост врз основа на етничка припадност кај јавноста. /крај/со/ст

Поврзани написи

Макфакс е-билтен

Email *