Продолжува акцијата за расчистување на сметот во општина Кисела Вода

Продолжува акцијата за расчистување на сметот во општина Кисела Вода

Во склоп на зацртаните активности на Секторот за месна самоуправа и социјална заштита, во текот на вчерашниот и денешниот ден се работеше на отстранување на сметот акумулиран, пред сè, на блоковското зеленило, локации што, генерално, се во надлежност на заедниците на сопственици на станари, кои од Општината побараа да им излезе во пресрет и да им помогне во расчистувањето.

Се чистеше во урбаните заедници 11 Октомври – бараки и во Драчево, каде што беа собрани 7 тони смет. Акцијата продолжува на целата територија на општина Кисела Вода. Утре ќе се чисти во 11 Октомври – згради, каде што ќе бидат ангажирани 35 сезонски работници.

Општина Кисела Вода апелира до граѓаните да го почитуваат Законот за јавната чистота и со своето однесување да придонесат за здрава и чиста животна средина во која и самите живеат.