Продолжува реконструкцијата на улицата Кемал Ататурк

Продолжува реконструкцијата на улицата Кемал Ататурк

Екипите на Град Скопје ги продолжуваат градежните работи за реконструкција на коловозот на улицата Кемал Ататурк на потегот од крстосницата со улицата Цветан Димов до крстосницата со улицата Џон Кенеди, во должина од 260 метри.

Во текот на изминатите денови беше отстранет стариот и оштетен асфалт на оваа делница, засилен е носечкиот слој и нанесен е нов асфалт. Градежните работи на улицата Кемал Ататурк ќе продолжат со формирање тротоари на вкупна површина од 780 квадратни метри, на кои ќе се наредат бекатон-плочки.

Проектот за обнова на коловозот на улицата Кемал Ататурк е резултат на меѓуопштинската соработка меѓу Град Скопје и Општина Чаир, во вредност од 4,8 милиони денари.

На терен работат екипите на ЈП „Улици и патишта“.