Промовирана „Мостови на пријателството“, збирка на група автори

Промовирана „Мостови на пријателството“, збирка на група автори

Во Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ во Скопје, во рамките на проектот „Бошњаците за Македонија – Македонија е и наш дом“, финансиски подржан од Министерството за култура, денеска се одржа промоцијата на заедничката збирка поезија „Мостови на пријателството“, во издание на здружението „Диван“.

На почетокот на присутните им се обрати Зеќир Рамчиловиќ како идеен творец на проектот чија цел е преку пишаниот збор да се промовираат вредности што ги поврзуваат луѓето, но и да се зголеми инклузивноста на писателите од разните етнички заедници.

Здружението „Диван“ им додели дипломи на првонаградените писатели, како и благодарници на институциите за афирмација на босанскиот јазик во Република Македонија, на Институтот за македонски јазик, на Институтот за јазик од Сараево, чии претставници беа присутни на промоцијата во чие име се обрати и писателот Хаџем Хајдаревиќ.

За книгата говореа промоторите Сеида Бегановиќ и Виолета Танчева-Златева. А со свои песни им се обратија и некои од авторите: Шефкија Боранчиќ, Мустафа Баље, Садик Идризи, Реџеп Шкријељ, Шериф Ајрадиновски, Сеида Бегановиќ и Адиса Цамиќ.