Промоција на две нови книги од унгарски автори

Промоција на две нови книги од унгарски автори

Унгарската амбасада во Република Македонија и Книгоиздателството „Матица македонска“ утре во 19 часот во мултимедијалниот културен центар „Матица ексклузив“ во Скопје ќе ги промовираат книгите „Ако животот е сон“ од Јанош Арањ (објавена по повод 200-годишнината од раѓањето на авторот) и „Десет унгарски поети на дваесеттиот век“ во избор и препев на Паскал Гилевски.

На свеченоста поздравна реч ќе има Ласло Дукс, амбасадор на Унгарија во Македонија, а книгите ќе ги промовира писателот Раде Силјан.

Стихови на унгарски и на македонски јазик ќе читаат членови на Здружението на Унгарците во Македонија „Теледом“ од Скопје.