Промоција на збирката песни „Ѕвезди што спијат“ од Михајло Свидерски

Промоција на збирката песни „Ѕвезди што спијат“ од Михајло Свидерски

Во рамките на „Бит-фест“ неодамна беше промовирана збирката песни „Ѕвезди што спијат“ од Михајло Свидерски, во издание на издавачката куќа „Восток“. Песните поместени во оваа збирка припаѓаат на поджанровите на интимната, медитативната и на спиритуалната лирика.

„Читањето на оваа книга зборува дека спиењето на ѕвездите не е ништо друго туку еден сигурен билет за влез во сонот, во најширока смисла на зборот, кога и да се сонува, значи и да се постои, да се биде буден, да се бара спасението, да се спасат и душата и стихот, и човекот“, истакна на промоцијата писателката Фросина Пармаковска. Пред многубројната битолска публика стихови од збирката читаа поетесата Елена Пренџова и Татјана Блажевска.