Промоција на книгата „Зборови што го менуваат светот“ од Владимир Путин

Промоција на книгата „Зборови што го менуваат светот“ од Владимир Путин

Книгата „Зборови што го менуваат светот“ од рускиот претседател  Владимир Путин ќе биде промовирана в четврток, 12 октомври, со почеток во 12 часот, во хотел „Русија“.

За книгата и за авторот ќе говорат Емилија Гелева, автор на предговорот на македонското издание на книгата, и амбасадорот на Русија, Олег Шчербак.

„Зборови што го менуваат светот“ од Владимир Путин е прв наслов во новата едиција на „Ѓурѓа“ –  „Сиот свет е сцена“, што издавачот ја покрена оваа година, годината во која ја одбележува 30-тата годишнина од постоењето.

„Во едицијата ‘Сиот свет е сцена’ на читателите им претставуваме наслови од и за истакнати актуелни политичари од целиот свет, личности што со своето водство го менуваат современиот свет или значително придонесуваат во неговото менување во државите со кои раководат и пошироко“, велат од првата независна издавачка куќа „Ѓурѓа“.