Промоција на книгата „Школувањето на прогонетите деца од Егејска Македонија“

Промоција на книгата „Школувањето на прогонетите деца од Егејска Македонија“

Книгата „Школувањето на прогонетите деца од Егејска Македонија“ на новинарот и публицист Иван Глигоровски денеска ќе биде промовирана во Музејот на македонската борба за државност и самостојност.

 

Во Монографијата се опфатени автентични сеќавања и искажувања на триесетина ученици, мајки и учители, кои привремено престојувале во источноевропските земји и Југославија по настаните и прогонот од нивните родни огништа од егејскиот дел на Македонија за време на Граѓанската војна во Грција (1946 – 1948).

 

Илјадници деца од овој дел на етничка Македонија своето образование на мајчин македонски јазик, кој бил забранет за употреба во родните места од страна на грчките власти, го стекнуваат во Југославија (Србија, Хрватска, Словенија, Македонија), Романија, Унгарија, Чехословачка, Полска и СССР.

 

Промоцијата на книгата е во организација на Музејот на македонската борба за државност и самостојност и издавачката куќа „Аз–буки“ од Скопје. На промоцијата предвидено е да се обратат проф. д­р Елка Јачева–Улчар од Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ во Скопје, публицистот Ставре Џиков и д­р Лазо Фотев, уредник на издавачката куќа „Аз–буки“ од Скопје.

 

Со свои музички рефрени со мотиви од егејскиот дел на Македонија ќе се претстават учениците од МБУЦ „Илија Николовски – Луј“ од Скопје.крај/мф/ем