Протести низ цела Франција

Протести низ цела Франција

Денеска низ цела Франција се одржуваат протести против реформата на законите за работни односи, планирана од францускиот претседател Емануел Макрон.

Еден од најголемите синдикати во Франција, Генералната конфедерација на трудот (ЦТГ), ги повика своите 4.000 членови да штрајкуваат, а во исто време железничарите, јавните служби и студентите се поканети да протестираат на улиците на Париз, Марсеј и Тулуз.

Француската полиција пред почнувањето на протестот распореди мобилни полициски сили.