Протест и во Виена против пресудите во „Диво Насеље“

Протест и во Виена против пресудите во „Диво Насеље“

Стотина Албанци од Австрија протестираа на улиците во Виена против пресудата за кумановското „Диво Насеље“. Демонстрантите од албанската дијаспора држеа банери со барање за ослободување на осудените лица.  На еден од транспарентите ја обвинија македонската држава за шовинизам, пренесува Топ Ченл.

Нивниот протест доаѓа откако Основниот суд во Скопје 1 ги осуди на вкупно 745-години вкупна казна затвор припадниците на кумановската група, претходно обвинети за тероризам за настаните од 9 и 10 мај во „Диво Насеље“ пред две години.

Во петокот Владата на Косово информираше дека ќе обезбеди 219.000 евра за покривање на трошоците на членовите на семејствата на осудените лица. Секое семејство, како што објасни премиерот Рамуш Харадинај, ќе добие 10 илјади евра од косовскиот буџет.