Про и контра Трамп протести во САД

Про и контра Трамп протести во САД

Илјадници луѓе излегоа на протести наречени „Ден на данокот“, на кои бараат претседателот Доналд Трамп да ги објави неговите даночни пријави.
Вчерашните протести во десетици градови се одржуваат на крајниот рок на кој американските граѓани треба да ги поднесат нивните даночни пријави. Повеќето од протестите беа мирни, иако имаше случаи кога демонстрантите разменуваа навреди со поддржувачи на Трамп.

Во Беркли, Калифорнија, најмалку 21 луѓе беа уапсени по судирите меѓу демонстрантите и поддржувачите на Трамп. Полицијата употребила солзавец за да воспостави ред откако 1.000 луѓе во два спротивставени табори се собрале во паркот Беркли. Локалните медиуми јавуваат за 11-мина повредени.
Протести против американскиот претседател беа организирани и претходно од демократите, работнички здруженија, женски организации… Доналд Трамп е прв кандидат од голема американска партија во изминатите над 40 години кој не ги објави даночните пријави за време на минатогодишната претседателска кампања. Објавувањето не е задолжително, но противниците велат дека тоа покажува оти крие нешто. крај/мф