Птица стара илјадници години пронајдена во мраз во Норвешка

Птица стара илјадници години пронајдена во мраз во Норвешка

Смрзнат и добро сочуван, 4.200 години стар дрзод е пронајден во Норвешка. Истражувачите сега треба да откријат како успеале внатрешните органи на птицата да го издржат тестот на времето.

„Птицата ја открил службеник од Норвешката агенција за надгледување на природата на планина во Опдал“, изјавил Јорген Росволд, истражувач од Норвешкиот универзитет за наука и технологија.

„Ова е фантастично откритие. Никогаш досега не сме имале увид во 4.000 години стар организам“, рекол тој.

Истражувачите отпрвин мислеле дека птицата е стара неколку стотина години, за потоа да откријат дека на норвешкото небо летала пред неколку милениуми.

Испитувањата покажале дека бројни органи на птицата, како на пример срцето, се во добра состојба, што би можело, без преседан, да овозможи увид во условите за живот во Норвешка пред многу години.

„Недопрените органи ни даваат можност да спроведеме тестови чии резултати ќе ни дадат увид за состојбата на животната средина во времето на смртта на птицата“, заклучил Јорген.