Пукање на митинг на ДУИ

Пукање на митинг на ДУИ

Непознато лице пукало од огнено оружје на јавен собир на ДУИ во село Пласница.

„Вчера во 20.50 часот во село Пласница при одржување јавен собир во организација на политичката партија ДУИ, односно во формирана колона од возила која се движела од село Лисичани кон село Пласница, кога пристигнале во близина на штабот на ДУИ, кој се наоѓа сретсело, од колоната на возила во движење биле испукани неколку куршуми од огнено оружје, најверојатно пиштол“, информира МВР.

Истиот ден околу 20 часот во село Лисичани, додека се одржувал јавен собир на кој говорел градоначалникот на село Пласница, непознато лице испукало неколку истрели од огнено оружје.