Путин: ИД претрпе целосен пораз во Источна Сирија

Путин: ИД претрпе целосен пораз во Источна Сирија

Претседателот на Русија, Владимир Путин, изјави дека екстремистичката организација Исламска држава претрпела целосен пораз во источниот дел од Сирија. При посетата на Нижњи Новгород, тој го пренел тврдењето на министерот за одбрана, Сертеј Шојгу, дека операциите против ИД се успешно завршени во околината на источниот и западниот брег на реката Еуфрат.

Путин вели дека е можно во некои делови од Сирија екстремистите сè уште да пружаат отпор. Во 2015 Русија почна со воздушна воена поддршка на силите на сирискиот претседател Башар Асад.