Путин: Странски сили стојат зад нападот со дронови на руските бази во Сирија

Путин: Странски сили стојат зад нападот со дронови на руските бази во Сирија

Рускиот претседател Владимир Путин обвини дека странски сили стојат зад нападот на беспилотните летала на две руски воени бази во Сирија. Според него, дроновите иако изгледаат примитивно, имаат висока технологија за прецизно сателитско наведување.

Путин на средбата со уредниците на рудките медиуми, која што се пренесуваше во живо, рече дека целта на саботниот напад на руската база била осуетување на договорот меѓу Русија, Турција и Иран за воспоставување зона за деескалација во Сирија.

Во нападот на воздухопловната база во провинцијата Латакија и на поморската база во Тартус учествувале 13 дронови, од кои седум се соборени, а шест присилно слетале, соопшти руското Министерство за одбрана.