Путин-Трамп: Нема воено решение за Сирија

Путин-Трамп: Нема воено решение за Сирија

Претседателите на САД и Русија, Доналд Трамп и Владимир Путин, се согласуваат дека нема воено решение за Сирија, се наведува во заедничкото соопштение што го објави Кремљ.

„Претседателите се согласуваат дека решението за судирот во Сирија не е воено и ја потврдија нивната одлучност да ја победат Исламската држава“, објавено е на веб-страницата на Кремљ.

Трамп и Путин, исто така, оцениле дека е потребно да се вложат дополнителни напори кога е во прашање хуманитарната ситуација во Сирија.

Иако беше најавено дека официјалниот состанок на двајцата претседатели ќе биде одржан на маргините на самитот АПЕК, Белата куќа пред пристигнувањето на Трамп во Виетнам соопшти дека тоа нема да се случи.

Трамп и Путин имале кус разговор на маргините на самитот и се ракувале пред гала вечерата. Објавеното соопштение со нивните ставови за Сирија го подготвиле експерти од двете земји.