Разбојник со закана со пиштол утрово ограбил банка

Разбојник со закана со пиштол утрово ограбил банка

Утрово во 8.45 часот во СВР Скопје било пријавено дека бил извршен грабеж во експозитура на Стопанска банка на булеварот Јане Сандански.

Според информациите од полицијата, непознат сторител со закана со пиштол од вработените одзел околу 320.000 денари, по што го напуштил местото на настанот.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.