Разрешени директори во болниците во Штип и во Тетово

Разрешени директори во болниците во Штип и во Тетово

Министерството за здравство донесе одлука за разрешување на медицинскиот директор на Клиничка болница во Штип, Александар Стојановски, и за нов директор е именуван д-р Ален Ѓорѓиев. Причина за разрешувањето се нерегуларностите во работењето, неетичко однесување на дел од вработените и хигиената, која не е на задоволително ниво, а што било воочено при извршената инспекција во Клиничката болница во Штип.

Исто така, за нов директор на Центар за јавно здравје во Штип е именувана д-р Марија Димитрова, а разрешен е и економскиот директор во Клиничката болница во Тетово, Зоран Станковски, посочуваат од Министерството за здравство.