Рангелова не ги видела предлозите, Маневски не коментира пред ЦК

Рангелова не ги видела предлозите, Маневски не коментира пред ЦК

Започна заседавањето на Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, на кој се очекува да се изберат нови членови на Извршниот комитет. Пред почетокот на седницата членовите не сакаа да коментираат за изборот на новото раководство.

Даниела Рангелова рече дека не ги видела предлозите за нови членови, но очекува таа да остане во функција на претседател на Унија на жени. Претседателот на УМС, Владимир Нелоски, не сакаше да коментира ништо пред почетокот на состанокот, како и Дарко Костовски, Сашо Стефаноски и поголем дел од присутните. Меѓу првите пристигна и ексминистерот за правда, Михајло Маневски.

На Централниот комитет не се поканети Илија Димовски и Антонио Милошоски, кои се потписници на отвореното оисмо со кое јавно се критикуваше изборот на Христијан Мицкоски за лидер на ВМРО-ДПМНЕ. Тие, најверојатно, нема да бидат дел од новиот Извршен комитет, а според најавите, Мицкоски се очекува да предложи повеќе нови кадри како дел од планот за мидернизација на партијата.

ВМРО-ДПМНЕ треба да избере и нов генерален секретар, како и потпретседатели на партијата. Неофицијално за секретар се споменува ексдиректорот на ЈСП, Игор Јанушев, а како можни потпретседатели се вртат имињата на поранешниот министер за финансии, Трајко Славески, и поранешниот пратеник Александар Николоски.

Г.Н.Р.