МАКФАКС

Реакција на написот на наводната оргнизација „Центар сака да дише“

Реакција на написот на наводната оргнизација „Центар сака да дише“
21.04.2017, 14:57

 

„ВМРО-ДПМНЕ преку фиктивни организации пласира лаги за градбите во Центар и Дебар Маало. Граѓаните треба да ја знаат вистината и да не наседнуваат на лажните здруженија на ВМРО ДПМНЕ и нивните лаги, се истакнува во соопштението на Општина Центар.

 

Актуелното раководство на Општината стави мораториум на на ДУП-от за Дебар Маало и нема впишано ниту една градба откако е на власт, велат од Центар.

 

„Зградите кои се градат се предвидени со ДУП-от кој го донесе нивниот градоначалник Тодоровиќ и го гласаа нивните советници, често и во ноќните саати. Сите градби се одобрени во време на власта на ВМРО ДПМНЕ и ова соопштение наводната невладина организација треба  да го испрати на адреса на ВМРО ДПМНЕ.

 

Градоначалникот Андреј Жерновски, како што и вети,  во изминатите години се бореше  и ќе продолжи да се бори против градежната мафија на ВМРО ДПМНЕ. Граѓаните добро паметат кој ги организираше нападите  и демолирањето на општината и за какви цели и кој насилно носеше ДУП-ови со цел да се приграбат парцели на Водно, да се изгради десеткатница на Водно.

 

Градоначалникот Жерновски спречи изградба на неколку катна општинска зграда и огромен објект во Градскиот парк, како што замисли ВМРО-ДПМНЕ.

 

Општината ќе продолжи да работи во интерес на граѓаните и да инвестира во зеленило и здрава животна средина, се посочува во соопштението на Општина Центар…крај/мф/кс

No Posts Found

Поврзани написи

Макфакс е-билтен

Email *