„Рено“ продаде рекордни 1,9 милиони возила за шест месеци

„Рено“ продаде рекордни 1,9 милиони возила за шест месеци

Францускиот производител на автомобили „Рено“ соопшти дека продал рекордни 1,9 милиони возила во првите шест месеци од годинава.

Таквиот раст е забележан благодарение на експлозивниот раст на продажбата во азиско-пацифичкиот регион.

„Поставивме нов рекорд од над 1,88 милиони продадени возила за шест месеци. Продажбата и пазарниот удел е зголемен кај сите наши брендови и во сите региони“, соопштил шефот за продажба и маркетинг, Тери Коскас.

Остварената продажба е за 10,4 отсто поголема во споредба со истиот период лани. Како резултат на тоа, пазарниот удел на „Рено“ е зголемен од 0,3 на 4,1 отсто.

Сите брендови на автомобилската групација „Рено“, „Дачија“, „Рено Самсунг Моторс“ и „Лада“ оствариле раст на продажбата.

Најголем скок од 50,5 отсто е забележан во азиско-пацифичкиот регион.