„Меѓаши“: Родители се жалат на несоодветниот третман кој скопска градинка го има врз децата и нивната воспитувачка

„Меѓаши“: Родители се жалат на несоодветниот третман кој скопска градинка го има врз децата и нивната воспитувачка

Првата детска aмбасада во светот – Меѓаши најави прес-конференција по повод поплака и сведоштво од група родители за несоодветен третман кон децата, родителите и воспитувачката во градинката „Кочо Рацин“ од Скопје.

Како што информираат од „Меѓаши“ повод за оваа прес-конференција е потребата на родителите чии деца ја посетуваат градинката „Кочо Рацин“ да го искажат својот револт од начинот на кој е извршена кадровска промена во градинката, а при тоа не е земено предвид мислењето на родителите и најдобриот интерес на децата согласно член 3 од Конвенцијата за правата на детето каде се вели:

„Во сите активности кои се однесуваат на децата, од примарно значење се интересите на детето, без оглед на тоа дали ги спроведуваат јавните или приватните институции за социјална заштита, судовите, административните органи или законодавни тела“.

Проблемот е во тоа што повеќето родители на деца од оваа градинка ги бојкотираат, како што се вели во соопштението, на своја штета и на штета на децата, посетата, воспитувањето и згрижувањето како знак на револт и директна поддршка за воспитувачката Сузана Чурлинова од која се презадоволни и сметаат дека е вистинско кадровско решение за воспитување и згрижување на нивните деца како и на самата градинка.  Оние родители, пак, кои немаат можност за чување, ги испраќале своите деца во градинка со порака на ранче, а согласно емотивните ставови на децата, кои си ја бараат својата воспитувачка со која се емотивно поврзани.

Од „Меѓаши Македонија“ информираат дека на прес-конференцијата која е закажана за 15 јануари (понеделник) покрај претседателот и основач на Детската амбасада, ќе се обратат и родители на деца кои ја посетуваат градинката „Кочо Рацин“.