Рохани најави истрага за штетите по земјотресот

Рохани најави истрага за штетите по земјотресот

Претседателот на Иран, Хасан Рохани, нагласи дека неговата администрација ќе почне истрага поради огромните штети на зградите што се изградени во рамките на државниот проект на пограничното подрачје меѓу Ирак и Иран погодено од земјотресот.

Рохани рече дека треба да се испитаат грешките во изградбата на зградите и вети дека во најкус временски рок повторно ќе биде изграден погодениот регион. Повеќето од оштетените згради биле изградени за време на поранешниот претседател Махмуд Ахмадинеџад.

Земјотресот со јачина од 7,3 степени во неделата ја погоди областа на иранско-ирачката граница. Потресот беше почувствуван во неколку ирански провинции, но најмногу настрада Керманшах. Над 300 луѓе загинаа само во областа Сарпол-е Захаб, во провинцијата што се наоѓа 15 километри од границата со Ирак.