Русија: Во судир меѓу воз и автобус загинаа 19 лица

Русија: Во судир меѓу воз и автобус загинаа 19 лица

Најмалку 19 лица загинаа при судир помеѓу воз и автобус недалеку од рускиот град Владимир, источно од Москва, соопштуваат регионалните руски власти.

„Според најновите информации, 19 лица загинаа во судирот“, изјави шефот на регионалната служба, Александар Кирјукин, за ТАСС.

Во соопштението на Министерството за внатрешни работи се наведува дека сите жртви се од автобусот и се додава дека до несреќата дошло поради техничка неисправност на автобусот.