Русија лансирала 73 набљудувачки сателити

Русија лансирала 73 набљудувачки сателити

Руската вселенска агенција Роскосмос соопшти дека вечерва успешно го лансирала сателитот Канопус и уште 72 помали сателити во орбитата.

Ракетата „Сојуз 2.1А“ полетала од космодромот во Бајконур со набљудувачкиот сателит Канопус В-ИК и 72 сателити.

Сателитот Kанопус, именуван според соѕвездието Лак има набљудувачка мисија на Земјата.

Фотографиите што ќе ги испраќа најчесто се користат во изработка на топографски карти.