Русија, САД и Кина се најголеми загадувачи на орбитата

Русија, САД и Кина се најголеми загадувачи на орбитата

НАСА соопшти дека Русија, САД и Кина се одговорни за најголем дел на вселенскиот отпад што се наоѓа во орбитата на Земјата, пренесе агенцијата ТАСС.

НАСА соопшти дека за 6.501 парче отпад е одговорна Русија, а следат САД со 6.017 и Кина со 3.801.

Останатите земји имаат занемарлив придонес.

Руските научници претходно предупредија дека светската вселенска индустрија би можела да се соочи со застој во рок од еден или два века доколку не биде решен проблемот со отпадот во орбитата. /крај/он/ст