Руските системи за противвоздушна одбрана на Далечниот Исток ставени во зголемена борбена готовност

Руските системи за противвоздушна одбрана на Далечниот Исток ставени во зголемена борбена готовност

Руските системи за противвоздушна одбрана на Далечниот Исток се ставени во зголемена борбена готовност поради напнатата состојба за Северна Кореја, соопшти членот на Советот на Федерацијата, Виктор Озеров.

– Нашата ПВО и воздушно-вселенските сили на Далечниот Исток се засилени. Тоа што денес се случува во врска со Северна Кореја предизвикува загриженост поради што имаме потреба од дополнителни мерки за обезбедување на нашата територија – изјави Озеров за „Спутник“.

Тој дополни дека Русија внимателно ги следи случувањата на Корејскиот Полуостров, особено во зоните од кои може да бидат лансирани ракети.

Нашите ПВО-сили овозможуваат Америка да биде одвратена од преземање одлучни чекори, додаде Озеров.