Руски хеликоптер принудно слета во Сирија

Руски хеликоптер принудно слета во Сирија

Руски воен хеликоптер „ми-28“ мораше принудно да слета во Сирија поради технички причини, соопшти Министерството за одбрана на Русија.

Како што се наведува, никој од членовите на екипажот не е повреден во инцидентот, пренесува „Ројтерс“.

– Хеликоптерот „ми-28“ мораше принудно да слета во Хам поради технички причини. Инцидентот се случил додека хеликоптерот следел друг хеликоптер „ми-8“ кој превезувал персонал на рускиот Центар за помирување на завојуваните страни“, се наведува во соопштението на руското Министерство и се додава дека не се вистинити информациите оти хеликоптерот е срушен од страна на припадници на ИД.