САД бараат од Косово да го почитува специјалниот суд

САД бараат од Косово да го почитува специјалниот суд

САД уште еднаш упатија апел до властите во Косово во целост да го почитуваат специјалниот суд. Вашингтон бара итно да престанат активностите за стопирање на активноста на овој суд, пренесува приштинскиот весник „Зери инфо“.

Истиот извор наведува дека претставници на САД во Приштина имале средби со партиите од опозицијата и власта со цел да престане барањето за укинување на специјалниот суд. Последните два дена од косовските власти тоа го побарале и дипломати на Франција и Германија.

Косовските медиуми оценуваат дека меѓународниот фактор не поддржува определби за укинување на специјалниот суд во Косово и бара негово почитување. Инаку, медиумите во Косово информираат дека на удар на овој суд ќе бидат и претседателот на Косово, Хашим Тачи, и премиерот Рамуш Харадинај.

К. М.